На социјалните мрежи се појави шокантно видео од Украина.
Кратко видео покажува како експлозија ги искршила прозорците на болницата во Покровск на истокот на земјата додека хирурзите подготвувале пациент за операција.
Според украинските медиуми, болницата била оштетена при масовното гранатирање на градот на 6 јануари, во кое загинале 11 лица. Од силината на ударот се скршени стакла, додека парчиња стакло ги повредија пациентите и медицинскиот персонал.
Шефот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, наведува дека меѓу жртвите има пет деца.
– Русите го погодија квартот Покровски со ракети С-300. Тие убиле 11 лица, а раниле уште осум. Главниот удар падна на Покровск и Ривне-Мирноград – објави Филашкин на својот канал Телеграм.
Државната служба за вонредни состојби соопшти дека две приватни станбени згради во Покровск биле целосно уништени со гранатирање.
Американскиот тенк М1А1 Абрамс, да потсетиме, неодамна за првпат е виден во Украина! На краткото видео, кое наводно е снимено во близина на Харков, може да се види како оклопно возило се пробива низ калта на патот и излегува на терен.