Не ми прилега да зборувам за внатрепартиски работи, но вакво нешто ѝ се случи на ПДП кога албанскиот претседател Бериша се вмеша и дојде до расцеп. Оттогаш мислам дека секогаш кога некоја овдешна партија бара памет од надвор ќе се случуваат вакви работи. Ние тука најдобро си ги знаеме работите дома. Да се бара памет од Курти во оваа ситуација воопшто не доликува. Мислам дека одредени политичари тука се многу поспремни од политичари во Косово. Ако споредуваме министри во двете земји, таму нема ништо поквалитетно од тоа што иамме ние. Иако се очекуваше вакво нешто, мислам дека случувањата во Алијанса се катализирани од Курти, вели полтиичкиот аналитичар Исмет Рамадани во СТУДИО 10 на ТВ 24.
– Според мене, подобро би било малите партии на Албанците да се спојат во една партија, да го најдат лидерот на партијата и дури тогаш да му парираат на ДУИ. Ако постапат така, ќе бидат поквалитетна конкуренција на овие избори со поголеми шанси да победи опозицијата. Оти праксата покажува дека е тешко да се преговата со 4-5 лидери во еден конгломерат од политички партии. Тоа создава потешкотии за формирање влада, вели Рамадани.
Рамадани вели дека ако по некоја случајност, Таравари се подготвува да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ тогаш доаѓа тоа човечкото кај Села. Многу тешко ќе биде за Села да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ оти беше претепан речиси до смрт од структури на таа партија, потсетува Рамадани.
– Курти кој ги доби изборите на име расчистување со корупцијата, по три години Косово не стои подобро на ова поле. Тој вели дека причината за тоа е што не функционира судството останато од времето на Тачи. Па и кај нас не може да се демонтира она што останало корумпирано во судството, вели Рамадани и додава дека во нашиот случај можеше тоа да биде поефикасно.
Рамадани вели дека кога станува збор за промовирање на евроатлантски вредности Зоран Заев стои многу добро, затоа што тој го направи она што требаше за да стане Македонија земја членка на НАТО.
– Јас лично во сеалбанската политика сум Руговист. И јас сум пацифист, а Ругова на мирен начин, како пацифист, го постигна она за што се залагаше. Тоа се личности кои оставаат влијание во историјата. Ругова беше многу близок со Киро Глигоров и се среќаваа. Она што им беше заедничко е решавање на проблемите мирно и со дијалог и таа политика во регионот и сега е актуална, вели Рамадани.
Во врска со начинот на влагување на Македонија во НАТО, Рамадани вели дека не се добри тие работи кои доведоа до изгласување, но дека кога станува збор за државни интереси такви потези прават дури и Американците.
– Не е само Македонија која нешто изгубила. Хрватска, Босна и Србија изгубија многу луѓе во војна. Македонија направи мала промена во името, иако на почетокот Грција бараше воопшто да не го користиме името Македонија. Преку дипломатски врски дојдовме до компромисно решение ФИРОМ кое требаше да трае кратко. По подолго време дојдовме до предлог Република Македонија Скопје и тоа не неше прифатено, вели Рамадани.
Рамадани вели дека сега е проблемот што ВМРО-ДПМНЕ сега не ни го открива решението на проблемот што го имаме сега.
– Кога има расцеп во партии, кампањата што следува за избори е многу валкана. Тензично е, но се надевам дека ќе се најдат луѓе кои со авторитет да ги смират работите, вели Рамадани.