– По денешните тензии во албанскиот парламент и обвинувањата на опозицијата за негова вмешаност во случајот „Мекгонигал“ реагираше премиерот Еди Рама.
-Тотална злоупотреба со слободата на говорот, со вистината, со јавноста, во еден тотален морален, политички, изборен очај, каде што екстремната клевета е насочена кон манипулирање на мислењето со случај што го истражува американската правда, кој е на суд и кој таму нема врска со нас овде, напиша Рама на Твитер.
Додава дека „кој има и малку разум може да разбере која е целта на оваа хистерија предизвикана од нонкрата (Сали Бериша)“.
-Кој има два грама памет, разбира што е целата на оваа хистерија на политичко и медиумско самоосудување за судење во Америка на функционер на ФБИ, за кој нонграта правдата овде тврди дека е корумпиран од мене, додека американската правда вели не, нема обвинение или тврдење. Ова е големо и клеветничко исмевање на политиката без знаење или достоинство со оние кои стојат зад оваа политика на дискредитирани личности кои сакаат да го покријат сонцето со сито, пишува Рама.
На крај оценува дека односите на неговата земја со САД и американските институции „се посилни од кога било“.
Рама и претходно изјави дека наводите против поранешниот функционер на ФБИ немаат никаква врска со него.
-Офицер на ФБИ е обвинет во Америка за работи кои немаат врска со мене … а во Албанија процесот против мене започнува на начин на политика, медиумски канали и портали на „Големиот брат“! Навикнат сум на тоа, но неодамна решив да престанам да го вадам секој камен кој се фрла во реката секојдневно, изјави Рама.