– Албанскиот премиер Еди Рама реагираше во врска со изјавата на шефот на Република Српска, Милорад Додиќ, кој предлага создавање „српски свет“ со вклучување на Косово, Србија, Црна Гора и Република Српска, јави Топ Чанел.
Рама преку објава на „Х“ (порано Твитер) наведува дека поминале три дена од опасните изјави на Додиќ и се уште нема реакција од европските партнери, додавајќи „морам да признаам дека сум изненаден“ и изразува надеж дека „тишината ќе биде прекината што е можно поскоро“.
-Поминаа три дена од опасните и поттикнувачки изјави против Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Морам да признаам дека сум изненаден од досегашното нереагирање од нашите партнери во ЕУ и искрено се надевам дека овој молк ќе се прекине што поскоро!“ – пишува Рама.
Телевизијата наведува дека како одговор, претседателот на Црна Гора, претходно, остро ја осудил изјавата, додавајќи дека патот на Подгорица е кон ЕУ.