Познатата компанија Рајанер (Ryanair) на 31 овој месец ќе започне со летови од и за Албанија и ќе понуди 17 дестинации.
Веста ја објави премиерот на Албанија, Еди Рама, кој вели дека со овој нов развој на настаните ќе се отворат работни места и ќе се обезбедат нови можности за летови од Тирана до европските метрополи.
-Авиокомпанијата „Рајанер“ е подготвена да започне со летови за Албанија на 31 октомври, по потпишувањето на договорот пред неколку месеци. 200 летови неделно до 17 дестинации. Рајанер планира да отвори нови работни места, како и да понуди нови можности за директни летови меѓу Тирана и европските метрополи, напиша Рама на социјалните мрежи.
Гордо го наведува фактот дека на меѓународниот аеродромот во Тирана годинава регистриран е рекорден број патници, односно над 5,2 милиони во периодот јануари-септември.
Понатаму наведува дека Албанија веќе станала пријатна атракција за туристите, додавајќи дека само во септември неговата земја ја посетиле 1,1 милиони туристи.
-Туристичка Албанија расте секој месец. Само за септември бројот на странски посетители е 1,1 милион, 45% повеќе од истиот месец лани. За девет месеци во нашата земја престојувале 8,3 милиони туристи, што е рекордна бројка, пишува Рама