– Албанскиот премиер Еди Рама утре ќе престојува во официјална посета на Берлин, Германија.
Посетата е во функција на улогата домаќин на Албанија на Берлинскиот процес за Западен Балкан, која премиерот Рама ја презеде на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември 2022 година.
-Премиерот утре ќе оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, со фокус на координацијата во рамки на албанското претседавање со Берлинскиот процес, по што ќе следи средба на двете делегации. На средбата, меѓу другото ќе се разговара за билатералната соработка во областа на економијата и надворешната политика, како и за процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, стои во соопштението од кабинетот на албанскиот премиер, јави Топ чанел.
По средбата Шолц и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција,
– Исто така ќе се сретне и со високи претставници на германскиот бизнис, при што ќе разговара за перспективата на Албанија, во рамките на регионалниот развој на туризмот, како и за улога на Германија во оваа насока, преку инвестиции во овој сектор, како и зголемување на бројот на германските туристи во Албанија, се додава во соопштението.
Премиерот Еди Рама ќе го посети и Меѓународниот саем за туризам, кој годишно пречекува околу 10.000 изложувачи од повеќе од 180 земји, меѓу кои ќе биде и албанскиот штанд.