Рама: Цела Европа ќе дојде во Тирана пред нозете на Скендербег

Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека земјата мора да ги заврши преговорите со Европската Унија до 2027 година.

Рама дополни дека на 16 мај цела Европа ќе дојде во Тирана, додавајќи дека тоа не е случајно.

„Албанија треба да ги заврши преговорите со ЕУ. Цела Европа ќе дојде тука на 16 мај, пред нозете на Скендербег. Ова не е случајност“, нагласи Рама.

Кон средината на минатиот месец, тој истакна дека веќе се започнати подготовките за големиот самит на НАТО во Албанија на 16 мај и дека лидерите на ЕУ ќе присуствуваат на вечерата еден ден претходно.