„Рамонда не е песна…“ Владо Георгиев груб кон победничката Теја Дора: Неговото мислење ќе налути многумина

Владо Георгиев се огласи преку социјалната мрежа „Х“ и ја коментираше актуелната тема, музичкиот натпревар за српски претставник за „Песна на Евровизија“.

Прво истакна дека не ги следел синоќешните случувања, а потоа ги гледал настапите на главните фаворити и даде свое мислење.

Не му се допаднала победничката Теја Дора , туку вицешампионката Анѓела Игњатовиќ Бресквица .

– Орловско гнездо – песна. Етно, убав настап и дефинитивно би се разликувала од другите таму – ја пофали Георгиев Бресквица, а потоа се врати на Теодора.

– Рамонда – тоа не е песна, тоа е нешто, но јас не го разбирам. Можеби девојката е талентирана, но тоа поминува овде – изјави Владо и накратко додаде:

-Значи лутете се колку сакате – напиша пејачот.

Да потсетиме, Теја Дора освои убедливо прво место на натпреварот.

Таа доби голем број поени и од стручното жири и од публиката, што докажува дека е миленик на публиката и дека луѓето го препознаваат нејзиниот талент и иновативност.