– Шпанскиот дефанзивец во редовите на ПСЖ, Серхио Рамос, изјави дека неговиот аргентински соиграч Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Рамос во интервју за клупската телевизија, емитувано денеска, рече дека би сакал Меси да го продолжи договорот со актуелниот француски шампион.
– Многу патев играјќи долги години против Меси. Сега уживам во заедничките настапи. Тој е најдобриот играч, кој некогаш се појавил во фудбалот, рече Рамос.
Меси во летото 2021 година се пресели во ПСЖ по две децении минати во дресот на Барселона, а неговиот договор со клубот од Париз истекува на крајот на оваа сезона.
Аргентинецот сезонава за ПСЖ настапи на 23 натпревари на кои постигна 15 голови.