Рангеловиќ: Некои ветувања и одлуки на Трамп се контрадикторни

Политикологот Иво Рангеловиќ во 24 анализа рече дека во овој мандат Доналд Трамп е многу поискусен, посамоуверен и посериозен. Според него, некои одлуки и ветувања на Трамп се противречни и ќе имаат огромно влијание врз САД.

„Сметам дека некои одлуки се контрадикторни. Пример за тоа според мене е депоратацијата на нелегални мигранти кое сметам дека ќе ја дестабиолизираат економијата на САД и ќе генерираат инфлација бидејќи тие мигранти работат и придонесуваат. Исто така депортацијата кошта многу пари кои САД ќе треба да ги обезбеди“, рече Рангеловиќ .

Во однос на поканата за македонската делегација да присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп е нешто на кое треба да бидеме горди.

„Тоа е за поздрав и кога имате покана сметам дека е легитимно и чесно да ја испочитувате таа покана и да се појавите, особено ако имате некакви нерешени прашања. Важно е да се искористи таа посета и да се прикажат нашите цели и планови“, додаде Рангеловиќ.