– Кајл Вокер – Питерс, 25-годишниот фудбалер на Саутемптон, беше цел на расистички навреди на социјалните мрежи по натпреварот против Манчестер Јунјатед (0-0) во Премиер лигата, јавија денеска британските медиуми.
Причина е прекршокот што Вокер – Питерс го направи врз 18-годишниот Аргентинец Гарначо. Поради тоа играчот на Манчестер јунајтед мораше да го напушти натпреварот и во прв момент се чинеше дека станува збор за потешка повреда. Подоцна, меѓутоа, тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека аргентинскиот тинејџер нема долго да отсуствува од теренот.
Сервисот Би-Би-Си наведе дека Вокер – Питерс се соочил со бројни понижувачки коментари на социјалните мрежи, а во дел од коментарите на навивачи на Манчестер Јунајтед фудбалерот се навредува на расна основа.