Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави денес дека во Брисел нема договор за нови санкции против Русија.
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во Брисел не се договорија за 11-тиот пакет санкции против Русија, што ги најавија, како и за нова воена помош за Украина, потврди унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто: „Денеска на состанокот, и покрај фактот што предлозите беа промовирани од мнозинството земји, немаше одлука за понатамошно финансирање на испораката на оружје за Украина, ниту за санкции“.
Тој нагласи дека позицијата на Унгарија останува цврста како камен, што значи дека Будимпешта сè уште не се согласува да издвои 500 милиони евра од Европскиот мировен фонд за вооружување на Украина.
„Унгарија, исто така, не поддржува нуклеарната енергија да биде во новиот пакет санкции, бидејќи ја смета за закана за нејзиниот енергетски суверенитет“, кажа Петер Сијарто по состанокот за новинарите.
Тој потсети и дека Будимпешта нема да го поддржи влезот на Украина во ЕУ и НАТО се додека на Унгарците од Закарпатија не им се вратат правата што постоеја пред 2015 година.