Туристите се честа цел на измамници во големите туристички центри. Новиот терен, непознатата околина, непознавањето на локалниот јазик се фактори кои го прават туристот лесна мета за измами.
Враќањето на туристите по застојот предизвикан од пандемијата со Ковид-19 значеше и враќање на вообичаените туристички измами.
Од 2021 година бројот на туристички измами преку електронски канали скокнал за 300%, впрочем како и самиот раст на туристички сектор по годините на затворања и прекин на туристичките понуди, според „RoboKiller“, организација во чиј фокус на работата се спам нападите.
Најчести измами на кои треба да внимаваат туристите се понудите кои стигнуваат преку електронска пошта или преку СМС пораки. Овие лажни понуди најчесто користат логоа на познати туристички брендови, од хотели до веб сајтови за наоѓање сместување.
Во пораките се нудат огромни попусти за туристички аранжмани на топ дестинации во елитни хотели. Корисниците треба добро да ја проверат е-мејл адресата, дали е на официјалниот бренд или некој лажно се претставува.
Но, благодарение на вешто смислените детали, со употреба на логото на брендот, визуелниот идентитет и неинвазивниот пристап, лесно може да се наседне на вакви измами.
Европа ќе се справува со измамите во краткорочното сместување
Европскиот совет донесе одлука да се воведе нов систем за регистрација на понудата на краткорочно сместување во приватни апартмани, хостели и бунгалови.
„За легалните понудувачи на сместување, новиот систем ќе значи побрзо, поевтино и полесно регистрирање на сместувачкиот капацитет, евиденција на гостите и резервираните ноќи на престој и унифицираност во процедурите за онлајн платформите кои служат како посредници“, посочи Еба Буш вицепремиерката на Шведска.
Целта на новата регулатива е секој сместувачки капацитет да добие единствен број за регистрација, па така во секое време органите ќе имаат увид кој е домаќинот, каде е лоциран и каков вид на сместување нуди.
Позитивни ефекти ќе има и за самите гости и туристи бидејќи ќе може да бидат посигурни при резервирање на сместувањето, а во случај на нерегуларности, измами или оштети, да го пријават домаќинот.
Следен чекор е постигнатиот договор, меѓу европските министри за економија и претприемништво, да дојде на дневен ред во Европскиот парламент.
Внимавајте на најчестите измами при туристичко патување
Туристите се честа цел на измамници во големите туристички центри. Новиот терен, непознатата околина, непознавањето на локалниот јазик се фактори кои го прават туристот лесна мета за измами.
Меѓу најчестите пријавени измами се понудата на „алка за среќа“. Вообичаено измамникот врзува алка на раката на жртвата, тврдејќи дека потекнува од неговата локална традиција и се носи за среќа.
Но, потоа измамникот станува агресивен и бара пари како возврат за „направената услуга“.
Внимавајте и со уличните просјаци. Една од честите измами е со туркање на кутијата за донации и расфрлање на собраните парички. Тука се оди на чувството на вина на туристот, па за да се избегне дополнителна конфронтација, лесно се влечат пари за „просјакот“.
Една од „покреативните“ измами е со „оштета на вредни уметнички слики“. Се изведува на тој начин што на прометни делови од градот, пред жртвата некој се сопнува и сите уметнички слики му паѓаат на земја.
Од жртвата се бара оштета затоа што згазнала на сликите и направила „непроценлива штета“.
TRT Balkan