Раперот Стефан Ѓуриќ Раста денеска е опериран.
Како што пишуваат српските медиуми, операцијата поминала добро, а раперот моментално се опоравува по зафатот.
Преку социјалната мрежа Инстаграм, Раста сега се огласи со кратка порака:
– Фала му на Бога, на сите вас, а особено на д-р Марк. Операцијата заврши – напиша раперот и покажа како го поминува времето во болница.
Како што можеме да видиме од објавите, тој моментално одмара со популарниот квиз „Загатка“, а собата во која престојува е приватна, само за него.