Раста сака да ѝ го одземе старателството на Ана! Ова се новите детали за семејната драма (фото)

Ана Николиќ последните денови е во центарот на вниманието откако пејачот Дарио Шорговиќ ја обвини за малтретирање, како и поради кратерот на лицето, но и поради прекинот на соработката со Саша Мирковиќ.

Според тамошните медиуми, поранешниот партнер на Ана, Стефан Ѓуриќ Раста, поради сè што се случува планира да и’ го одземе старателството над ќерката Тара, поради што таа бурно реагирала и започнала расправија во медиумите, зборувајќи лошо за него.

Поради наводните пороци поврзани со неа, Ѓуриќ најпрвин разговарал со пејачката за нејзината ќерка и грижата за неа, но таа не сакала да слушне дека Раста ќе е единствениот кој ќе се грижи за Тара. Така Раста решил да ги земе работите во свои раце а сега тие комуницираат само преку адвокат.

– Кавгите на Ана и Раста беа токму поради нејзиниот лош начин на живот, а тој и’ кажа дека детето не треба да живее така. Затоа и почнаа првите расправии бидејќи планира да и’ го одземе старателството. Таа не сакаше да слушне за тоа, затоа го плукаше по медиумите, но Стефан нема да се откаже да стане единствен чувар на Тара – вели извор близок до раперот, додавајќи дека пејачката веќе подолго време има проблем. .

-Затоа нејзиното семејство се повлече бидејќи не може да влијае на неа, а има една пријателка која има особено лошо влијание врз неа и која ја вовлече во сето тоа – заклучува изворот.