Расте бројот на бегалци од Украина под привремена заштита во земјите од ЕУ

Речиси четири милиони луѓе кои не се државјани на земји членки на ЕУ побегнале од Украина на 30 април годинава, покажуваат податоците на Евростат. Тие добија привремена заштита во земјите на ЕУ. Во споредба со крајот на март 2023 година, бројот на корисници на привремена заштита од Украина се зголеми во ЕУ за 1,3 % односно 51.010 луѓе. Еве во кои земји од Унијата се стационирале.

Германија, Полска и Чешка најчести дестинации

Главните земји домаќини на корисници на привремена заштита од Украина беа Германија, Полска и Чешка. Во Германија заминале 1.090.235 лица односно 28 % од вкупниот број. Во Полска заштита добиле 995.035 лица или 25 %. Во Чешка заминале 331.850 лица односно 8 %.

Најголемо зголемување во Шведска

Најголеми зголемувања се забележани во Германија, Шведска и Чешка. Во Германија бројката се зголемила за 22.480 односно 2 %. Во Шведска заминале 8.640 лица повеќе од март. Во оваа земја има зголемување од дури 35 %. Во Чешка зголемвањето е исто како во Германија од 2 % односно 6.605 луѓе кои не се од земји членки на ЕУ, а побарале заштита.

Големото зголемување во Шведска како што објавува Евростат се должело на главно на тоа што процесот за обновување на статусите на привремена заштита, кој заврши во март 2023 година, беше одложен. Ова направи бројот на регистрирани корисници на привремена заштита на крајот на март да изгледа помал отколку што всушност беше.

Намалување во четири земји

Од друга страна, четири земји забележаа намалување на бројот на луѓе кои имаат привремена заштита. Тоа се Полска, каде 4 700 или 0,5 % луѓе помалку побарале заштита во април отколку во март, потоа следува Португалија со намалување од 2 520 луѓе или 4 %, Естонија каде процентуално има најголемо намалување од 5 % или 1885 луѓе и Франција 985 луѓе надвор од ЕУ помалку под заштита што или 1 %.

Споредено со населението на секоја членка на ЕУ, најголем вкупен број на луѓе под привремена заштита на илјада луѓе во април 2023 година се забележани во Чешка, 31,6, Полска и Естонија 26,4, Литванија 24,5, Бугарија 22,7 и Латвија 21,2,.

До април 2023 година, украинските граѓани претставуваа 98 % од корисниците на привремена заштита. Возрасните жени сочинуваат речиси половина од корисниците на привремена заштита во ЕУ. Децата сочинуваат нешто повеќе од една третина 35 %, додека возрасните мажи сочинуваат помалку од една петтина 18 % од вкупниот број.

ТРТ БАЛКАН