Бројот на жртвите од уривањето на покривот на ноќниот клуб Џет Сет во Санто Доминго ноќта меѓу понеделникот кон вторникот се искачи на 218, соопштија денеска спасувачките служби.
Хуан Мануел Мендес, директор на Центарот за итни операции, изјави дека 189 луѓе се спасени.
Загина и гувернерот на провинцијата Монтекристи, Нелси Круз, како и популарниот пејач Руби Перез, кој настапуваше кога се урна покрив во главниот град на Доминиканската Република.
Причината за уривањето на покривот сè уште не е објавена.