Бруто-домашниот производ во Европската унија како и во еврозоната забележа раст од 0,3 отсто, покажуваат податоците на брзата проценка на Европската статистичка служба, Евростат.
Раст бележи и вработеноста и во еврозоната и во ЕУ од 0,2 отсто.
Во вториот квартал од 2024 година, сезонски прилагодениот БДП порасна за 0,3 отсто и во еврозоната и во ЕУ, во споредба со претходниот квартал. Во првиот квартал од 2024 година, БДП исто така е зголемен за 0,3 отсто во двете зони“, се вели во соопштението на Евростат.
Во однос на истиот квартал од претходната година, сезонски прилагодениот БДП е зголемен за 0,6 отсто во еврозоната и за 0,8 отсто во ЕУ.
За 0,2 отсто е зголемен бројот на вработени и во еврозоната и во ЕУ во вториот квартал од годинава во однос на претходниот квартал. Во првиот квартал од 2024 година вработеноста е зголемена за 0,3 отсто во двете зони.
Споредено со истиот квартал од претходната година, вработеноста е зголемена за 0,8 отсто во еврозоната и за 0,7 отсто во ЕУ во вториот квартал од 2024 година, по еден отсто во еврозоната и +0,9 отсто во ЕУ во првиот квартал од 2024 година.