Во четвртиот квартал од 2022 година, во споредба со претходниот третиот квартал трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,4 проценти, за материјали за 2,6 проценти, а трошоците за вработените за 5,1 процент.
Како што објави Државниот завод за статистика, во четвртиот квартал лани во споредба со истиот квартал од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 22,4 проценти, за материјали за 20,1 процент, а трошоците за вработените за 27,7 проценти.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.
Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.