Полициски службеници на СВР Тетово вчера целосно расчистиле пет кражби извршени во текот на овој месец, а за кои е осомничен малолетник од тетовско Селце.
Како што денеска информираа од МВР, кај него биле пронајдени и од негов роднина одземени четири велосипеди и еден електричен тротинет, кои им биле вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случаите, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава