Шпанскиот тенисер Рафаел Надал призна дека се уште не му честитал на Новак Ѓоковиќ за освојувањето на рекордниот 24. Грен Слем трофеј во кариерата.
Оваа сезона Новак Ѓоковиќ освои дури три Грен Слем турнири – Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен. Во Мелбурн се израмни со Рафаел Надал на 22. Грен Слем титули, го престигна во Париз, а во Њујорк стигна до 24. трофеј на најпрестижните турнири.
Ова очигледно го има погодено Рафаел Надал, па тој не удостоил да му честита на српскиот ас.
Објаснувањето зошто не го направил тоа го објасни самиот тој:
„Точно е дека не сум му испратил никаква порака на Новак Ѓоковиќ од чисто незнаење. Кога ќе победиш нешто толку важно, од искуство знам дека е подобро да оставиш време да помине, за тој да ја цени таа порака. Ќе ја испратам, но сè уште не сум го направил тоа“, изјавил Шпанецот.
Најдобриот шпански тенисер на сите времиња призна дека нема другари за патување на АТП турнејата бидејќи доаѓа од втората генерација, па само повремено се слуша со пензионираниот Роџер Федерер.
„Секако дека му праќав пораки на Карлос Алкараз кога победи и кога требаше да победи. Другите… Немам многу пријатели, јас сум од втора генерација, повремено разговарам со Роџер Федерер“, рекол Рафаел Надал.