Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал се уште не знае кога ќе биде подготвен да се врати на теренот повторно.
Неколку дена по најавата од Монте Карло дека славниот Шпанец ќе игра на овој престижен турнир, Надал откри дека не е сигурен дека ќе биде подготвен за настап во Монако.
„Не знам од каде ја добивте таа информација. Ако е вистина, би потврдил, но за жал, не можам“, демантираше со оваа изјава шпанецот со што дополнително ги загрижи своите обожаватели.
Да потсетиме, Шпанецот се повреди на Австралија опен и оттогаш не учествува на турнирите.
„Продолжувам да работам според мојата програма, но вистината е дека се уште не знам кога ќе играм. Во фаза сум во која постепено ја зголемувам мојата работа. Би ви кажал кога би знаел кога ќе играм. Затоа не можам да потврдам дека ќе играм во Монте Карло, бидејќи одиме ден по ден, а повеќе ќе кажам кога ќе знам се“, изјавил шпанскиот тенисер.