Најдобриот шпански тенисер на сите времиња, Рафаел Надал, ќе учествува и игра на следниот Австралија Опен, а ова го потврди директорот на Грен Слем турнирот, Крег Тајли.
„Очекуваме враќање на некои великани и шампиони кои отсуствуваа неколку години. Овде ексклузивно откриваме дека ќе се врати и Рафаел Надал. Тој отсуствуваше поголем дел од годината, а во разговор со него во минатите неколку дена добив потврда дека ќе се врати, поради што сме навистина возбудени. Знаеме дека Ник Кириос тренира, па го очекуваме и него“, изјави Крег Тајли.
Рафаел Надал два пати го освои Австралија Опен, во 2009 и 2022 година. Шпанецот во својата кариера освои 92 титули и вкупно 22 Грен Слем трофеи, два помалку од рекордерот Новак Ѓоковиќ.