Рација во Скопје, сомневање за нехуман третман на стари лица

Јавното обвинителство, во координација со Министерството за внатрешни работи, спроведе рации на вкупно шест локации кои се поврзани со два приватни домови за стари лица во Скопјe.

Според соопштението на Обвинителството, постојат основани сомневања за нехуман третман на стари лица, корисници на услуги за заштита надвор од домот.

Досега се уапсени две лица. На местото на настанот се и инспектори од Министерството за социјална политика, Здравствениот и санитарен инспекторат, Трудовиот инспекторат и Агенцијата за храна.

Во акцијата учествуваа и претставници од Центарот за јавно здравје, персонал од Итната медицинска помош и Институтот за судска медицина.