На 26 години, Кристијано Роналдо и Лионел Меси веќе го освоија светот и рушеа рекорди во клубовите, првенствата, репрезентациите и Лигата на шампионите.
Има уште многу примери како нив, но во таа група сигурно нема да влезе Маркус Рашфорд. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и на оваа возраст уште ги прележува детските болести и не може да стане лидер ни на својот тим. Се сменија неколку тренери, сите му дадоа шанса како на „дете на клубот“, но напаѓачот остана фудбалски недозреан.
Тоа се гледа и оваа сезона, а особено на вчерашниот натпревар против Брајтон на кој Рашфорд уште еднаш ги демонстрира очајот и безидејноста. Прашањето кое постојано го поставуваат навивачите на Јунајтед е дали е воопшто достоен да го носи дресот на овој клуб.