Се очекува Милан наскоро да стапи во контакт со Манчестер Јунајтед во врска со доведувањето на напаѓачот на англискиот клуб, Маркус Рашфорд.
Милан е заинтересиран и за дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, но бидејќи на секој клуб во Серија А му е дозволено да регистрира само по еден англиски играч, доведувањето на Рашфорд е приоритет на италијанскиот клуб, објави денеска Скај.
За Рашфорд е заинтересирана и Борусија Дортмунд, но се верува дека бараната плата од англискиот напаѓач би била преголем проблем за германскиот клуб.
Рашфорд ги пропушти претходните седум натпревари на Јунајтед, а менаџерот на клубот од Манчестер, Рубен Аморим изјави дека не знае дали англискиот напаѓач ќе продолжи да биде дел од неговиот тим.
Рашфорд (27) забележа 426 настапи и постигна 138 голови за Манчестер Јунајтед каде игра целата своја кариера.