Рашфорд открива: Моето омилено сеќавање од Ел Класико е хет-трикот на Меси во 2007 година

Англискиот напаѓач и фудбалер на Барселона изјави пред своето прво Ел Класико, кое е закажано за недела на „Сантијаго Бернабеу“, дека неговото омилено сеќавање од тоа дерби е хет-трикот на Лео Меси од 2007 година.

За потсетување, тогаш 19-годишниот Меси постигна три гола во ремито на „Камп Ноу“ и стана легенда како играч кој постигна најмногу голови во историјата на најголемото дерби на светот.

„Тоа ќе биде моето прво Ел Класико и со нетрпение го очекувам. Тешко е да се сетам на еден натпревар. Знам еден кога Меси постигна хет-трик во своите рани денови. Тие натпревари беа фантастични и не мора да бидете навивач на Барса или Реал Мадрид за да уживате во нив“, рече Рашфорд.

Патем, Рашфорд постигна пет гола и имаше ист број асистенции откако пристигна во Барселона.

За потсетување, Ел Класико е закажано за недела во 16:15 часот, а Реал моментално е лидер на табелата со 22 бода, пред Барселона, која има 20.