Реакција на БЕСА за крстот на Попова Шапка: “Не си играјте со оган, закани не не плашат“

Однесувањето на еден владин фукционер како Стојанче Ангелов само уште еднаш потврдува дека поставувањето на Крст на Попова Шапка не е во чест на верата туку политичка провокација. Само политички очајници и губитници можат да се обидуваат да печалат поени со предизвикување етнички тензии на верска основа. Ова е на штета на православните верници кои некој сака да ги направи орудие за политичка агенда. ДУИ седи во Влада која го именувала Стојанче Ангелов за Директор на Центарот за управување со кризи. ДУИ има Директор во Државниот Инспекторат за градежништво, кој има непосредна надлежност за рушење. ДУИ има интерес да не се зборува за нивните матни бизниси со Дака во Тетово, за коцкарските криминалии, за корупциските скандали со јавните набавки. На ДУИ му треба Крстот за да го отргне фокусот од вистинските прашања. За жал СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фатија на нивниот мамец. Ја користиме приликата уште еднаш да апелираме да не се играат со оган. Самовластие нема да толерираме. Закани не не плашат. Ќе постапиме согласно закон.

СООПШТЕНИЕ – БЕСА

„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

БЕСАМакедонијаполитика