Реакција на СДСМ на изнесените ставови од Христијан Мицкоски: “Партија со криминално стекнат имот, криминален Бел дворец стекнат на грбот на граѓаните…“

Христијан Мицкоски е слуга на криминалецот во бегство, Никола Груевски и на криминалната ВМРО ДПМНЕ. 

Партија со криминално стекнат имот, криминален Бел дворец стекнат на грбот на граѓаните, партија која е злосторничко здружение со тапија. 

Бројни судски предмети го потврдуваат криминалот на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски и денес е опркужен со криминалци, негови соработници се вмешани во мега криминални случаи за кои траат судски процеси. Случајот Делчевски ниви исто така води со Белиот дворец и луѓето на Мицкоски. 

Тоа го гледаме и по општините водени од ВМРО ДПМНЕ и  градоначалници кои се обвинуваат меѓу себе а го обвинуваат и Мицкоски за тендери и рацете во медот. 

Денес за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ секој одговара за стореното.

Мицкоски, слугата на криминалот и заложник на Апасиев и Левица освен за лажни вести, друго не знае.

За криминалците од ВМРО-ДПМНЕ следува одговорност согласно законите, тоа треба да му е јасно на Мицкоски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

МакедонијаполитикаСДСМ