ВМРО-ДПМНЕ лаже, хајката против коридорите и Бехтел им издиша. Издиша хајката на ВМРО-ДПМНЕ против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10-д и против реномираната компанија Бехтел.
Не е точно дека договорот предвидува пенали, бидејќи нема нови ВМРО-ДПМНЕ штанца стари лаги.
Со посебен закон и со поскап договор конзорциумот „Бехтел и Енка“ гради и во Србија, каде што веќе е пуштен во употреба дел од автопатот.
Партијата предводена од Христијан Мицкоски е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е симбол за провизии и промашени проекти, како што е автопатот Кичево-Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ со хајката само потврдува дека е против стратешкиот проект за изградба на коридорите, а во заложништво на Левица и против американската компанија.