Во врска со наводите изнесени на денешната прес – конференција на ВМРО – ДПМНЕ, Кабинетот на Претседателот на државата информира дека до претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, биле упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари.
„Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари“, се наведува во соопштението од кабинетот на Стево Пендаровски.