За инцидентот во Охрид институциите реагираа брзо, МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно. Согласно со пријавите постапува и ОЈО кое има надлежност во овој случај.
Насилство од било каков тип е неприфаталиво, исто како што се неприфатливи сите обиди за попречување на европскиот пат и навредите на чувствата на македонските граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која работи против европскиот пат на земјата и нема кредибилитет да зборува за оваа тема.
Сите учесници во инцидентот во Охрид се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Слики со Мицкоски, со Николовски. Едниот од напаѓачите е дури и вработен во администрацијата на градоначалникот на Охрид, Пецаков, исто така од ВМРО-ДПМНЕ.
На нашата земја не и треба потпалување на атмосферата. Сите треба да се фокусираат на економскиот раст и на продолжување на европскиот пат, уставните измени за интеграција во ЕУ.
Кој не придонесува за овој план само им служи на туѓите интереси и постапува по туѓа агенда.