Реал Мадрид веќе работи на создавање на беспрекорен среден ред за иднината на клубот. Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени веќе се во клубот, а „Кралскиот клуб“ сега се насочува кон доведување на 19-годишниот Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.
Според Transfermarkt, англискиот репрезентативец вреди 120 милиони евра, а челниците на Реал Мадрид веќе отпатувале во Германија за да го убедат да дојде во Мадрид во следните неколку дена, пишува Marca. Истиот весник додава дека Реал Мардирд се убедени во успехот на преговорите со Џуд Берлингем и веруваат дека тој ќе го носи нивниот дрес следната сезона.
За Белингем се заинтересирани и други гиганти, меѓу кои и Ливерпул, но се чини дека Реал Мадрид засега има предност пред останатите. Ова не е прв контакт на мадридскиот великан со Белингем. Шпанците пишуваат дека Реал Мадрид веќе извесно време е во комуникација со неговите менаџери и Борусија Дортмунд, а сега почнуваат финални преговори.
Се очекува дека играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд ќе ги чини околу 150 милиони евра, со што ќе го надмине јануарскиот трансфер на играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, кој на Бенфика беше платен 121 милион евра. Белигам пристигна во Борусија летото 2020 година од Бирмингем за 25 милиони евра, а во меѓувреме стана еден од капитените на германскиот гигант и еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.