Реал Мадрид го официјализираше доаѓањето на „чудото од дете!“ Најскапиот трансфер во историјата на аргентинскиот фудбал

Реал Мадрид официјално го потврди потпишувањето на договорот со аргентинската ѕвезда во подем Франко Мастантуон (17), кој ќе се пресели во Шпанија на 14 август за својот 18-ти роденден.

Договорот е потпишан на шест години, со рок на истекување до 30 јуни 2031 година, а договорот вклучува откупна клаузула од една милијарда евра.

Трансферот е вреден вкупно 63,2 милиони евра, а Ривер Плата има право на 45 милиони нето, додека остатокот ги покрива даноците, агенциските и другите трошоци.

Мастантуоно ќе остане во Ривер Плата до средината на август и ќе игра на Светското клупско првенство во САД.

Во сезоната 2024/25, Мастантуоно направи значаен чекор напред. Стана најмладиот стрелец во историјата на Ривер Плата, дебитираше за аргентинската репрезентација (17 години и 296 дена), а исто така започна како стартер 61 пат, со десет гола и седум асистенции.