– Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, би можел да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Ливерпул на гостински терен на 21 февруари, јавија денеска шпанските медиуми.
Куртоа се повреди пред вчерашниот натпревар од 20 коло во Ла Лига против Мајорка (0-1), а на негово место на голот застана Украинецот Андреј Лунин.
Шпанските медиуми наведуваат дека голманот на Реал поради повреда на мускулите ќе биде надвор од теренот две до три недели.
Белгискиот голман поради повредата ќе го пропушти Светското клупско првенство кое се одржува во Мароко, а неизвесен е неговиот настап и за гостувањето на „Енфилд Роуд“ на 21 овој месец против Ливерпул.