Реал отпатува за Саудиска Арабија со специјален авион, Модриќ направи одлично тимско селфи (Видео)

Реал отпатува за Саудиска Арабија со специјален авион, Модриќ направи одлично тимско селфи (Видео)

Реал Мадрид отпатува во Саудиска Арабија за финалето на шпанскиот Суперкуп, а кралскиот клуб користел авион персонализиран со клупски симболи и портрети на играчи.

Станува збор за Боинг 777 на компанијата Емирати специјално дизајниран за патувањето во Џеда, а традиционалното селфи на фудбалерот пред авион овој пат го направи Лука Модриќ.

На 9 јануари Реал во полуфиналето ќе игра со Мајорка, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Атлетик Билбао и Барселона.

Финалето е закажано за 12 јануари, а наградниот фонд се дели врз основа на освоените титули, историјата и бројот на навивачи.

Се очекува Реал и Барселона да инкасираат околу 6 милиони евра доколку се појават во финалето.