Реал Мадрид синоќа во Рабат го победи саудиски Ал-Хилал со 5:3 во финалето на Светското клупско првенство.
Како дел од мадридскиот тим, напаѓачот Винисиус и играчот од средниот ред Федерико Валверде забележаапо два гола, уште еден гол постигна Карим Бензема.
За Ал-Хилал два пати погоди Лучијано Вието, еднаш во листата на стрелци се запиша Муса Марега.
Шпанскиот фудбалски гигант го освои Светското клупско првенство по петти пат во својата историја, што е рекорд во натпреварувањето.
Претходно Реал до трофејот дојде во 2014, 2016, 2017 и 2018 година.
Тренерот на „Кралевите“ Карло Анчелоти по трет пат во кариерата го освои светското клупско првенство. Тоа го направи два пати со Реал Мадрид и еднаш со Милан.