Редовното консумирање на овие намирници може да го олесни процесот на слабеење

Редовното внесување храна богата со вода, растителни влакна и хранливи материи може да го олесни процесот на слабеење.

Неколку добро познати намирници кои речиси и да немаат калории се идеални за луѓе кои внимаваат на својата тежина или сакаат освежителен додаток на своите оброци.

Меѓу таквите намирници се издвојува краставицата, која се состои од околу 95% вода и содржи само 12 калории на 100 грама. Освен што го хидрира телото, таа е богата со антиоксиданси и витамини како што е витаминот К.

Исто така познат како природен производ со „нула калории“, целерот е богат со растителни влакна и вода, а 100 грама целер содржи околу 16 калории. Освен што е погоден како ужина, често се користи во детоксикациски диети.

Основата на многу лесни јадења е зелената салата, која има ниска калорична содржина, околу 15 калории на 100 грама. Таа е идеална основа за салати, а ги збогатува со растителни влакна и витамини А и Ц.

Дополнително, храна која има ниска калорична содржина е тиквичката, со околу 17 калории на 100 грама.

Доматите се исто така богати со вода и ликопен, а 100 грама даваат само 18 калории.

Во комбинација со соодветна хидратација и умерена физичка активност, овие намирници можат да бидат вреден сојузник во одржувањето на витка фигура.