Новото истражување спроведено од Универзитетот во Копехаген тврди дека додавањето млеко во кафе може да му помогне на вашето тело при борбата со воспаленија и дека воопшто може да придонесе за подобро здравје.
Додавањето млеко во вашето кафе би можело да го подобри здравјето, тврдат научници. Црното кафе е преполно со полифеноли кои можат да спречат оштетување на клетките и да ви помогнат подолго да живеете, а протеините од млекото можат да се закачат за антиоксидантите и да му помогнат на телото да ги впие.
Лабораториските експерименти на Универзитетот во Копехаген откриле додавањето млеко во кафе ја удвоило ефикасноста на полифенолите. Станале дупло подобри во намалувањето на штетните отоци/воспаленија кај човечките клетки. Воспаленијата можат да ги оштетат крвните садови и да го зголемат ризикот од срцеви болести.
Авторката на студијата, професорката Мариане Нилсен Лунд, вели: „Покажуваме дека – како реагира полифенолот – неговиот учинок врз воспаленијата во имунолошките клетки се засилува. Јасно е замисливо дека овој коктел би можел да има и поволно влијание на воспаленијата кај луѓето“.
„Со оглед на тоа дека луѓето не впиваат доволно полифеноли, многу истражувачи проучуваат како може да се подобри нивната апсорпција. Оваа стратегија има дополнителна предност во зголемувањето на антиинфламаторните ефекти“, додава проф. Нилсен Лунд.
„Замислувам дека нешто слично се случува во јадењата од месо со зеленчук или смудија доколку обавезно додадете малку протеини преку млеко или јогурт“, појасни таа.