Пороен дожд врне во делови од Словенија, а прогнозите за денеска и за наредните денови воопшто не се оптимистички.
Локалните медиуми јавуваат дека некои реки веќе се излеале од коритата, а најлошото допрва следи.
Се наведува дека врнежите ќе бидат најинтензивни во западните и централните делови на Словенија, поради што словенечката агенција за животна средина (АРСО) издаде портокалово предупредување за временските услови во тие области.
Се очекуваат врнежи од 40 до 80 милиметри дожд на метар кубен, а локално и до 100 милиметри.
– Реката Випава ќе почне да се излева во наредните часови, а понатамошното издигнување може да предизвика поплавување во попладневните и ноќните часови, особено во сабота – предупредуваат од АРСО.
Се наведува дека ќе се излеат и други реки, а во западна, централна и јужна Словенија може да има нагло зголемување на поројните водотеци.