Со привршување на првата делница, се преминува на реконструкција на втората делница од проектот на КФВ банка во Кавадарци, што ги опфаќа булеварите „Македонија“, „Никола Минчев“ и „Цветан Димов“. За ова попладнево информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Денеска на булеварот „Македонија“ се започна со монтажа на атмосферска канализација во должина по целиот булевар со Ф 1.200 цевки од 600 метри. Изведувач на работите е компанијата „Жикол“, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Оттаму нагласија дека континуирано, како во урбаните, така и во руралните месни заедници, се изведуваат проекти од комуналната сфера.