РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТИМОТ: Манчестер Сити договори две јануарски засилувања, ќе искешира 130 милиони евра!

Узбекистанскиот дефанзивец Абдукодир Хусанов (20) ќе го засили Манчестер Сити во трансфер вреден 50 милиони евра, а во редовите на Граѓаните треба да дојде Египќанецот Омар Мармуш (25).

Младиот 20-годишен стопер на Ленс ги договорил личните услови со Граѓаните, а наскоро клубовите треба да го потврдат трансферот на фудбалерот кој Реал Мадрид сакаше да го доведе.

Пеп Гвардиола сака да го искористи зимскиот преоден рок за да го врати на вистинскиот пат незгодниот тим на Манчестер Сити и ќе донесе нови засилувања за обнова на тимот.

Воедно, египетскиот напаѓач Омар Мармуш ги договори личните услови за неговиот трансфер од Ајнтрахт Франкфурт во Манчестер Сити во трансфер вреден 80 милиони евра.

https://twitter.com/Plettigoal/status/1877400681306259483

Како што најави угледниот германски новинар Флоријан Плетенберг, одличниот Египќанец веднаш ќе премине во редовите на Граѓаните откако клубовите ќе постигнат конечен договор.

Мармуш оваа сезона во Германија постигна 18 гола со 11 асистенции, додека 20-годишниот репрезентативец на Узбекистан Хусанов се покажа како еден од најдобрите одбранбени играчи сезонава и во него гледаат голема перспектива во Сити.