Шекелот во текот на денот падна за 0,44 отсто во однос на доларот и се тргуваше за 4,08 шекели за еден долар.
Израелскиот шекел падна на најниско ниво во последните 11 години во однос на американскиот долар поради шпекулациите за копнените операции на Израел во Појасот Газа.
Во текот на денот шекелот падна за 0,44 отсто во однос на доларот и се тргуваше по 4,08 шекели за еден долар, а последен пат толку ниска вредност на израелската валута беше забележана во јули 2012 година, објави Си-Ен-Ен.
Вредноста на шекелот падна за повеќе од шест отсто откако Хамас започна напад врз Израел на 7 октомври, а Тел Авив одговори со воздушни напади врз Газа.
Сепак, шекелот дополнително падна во текот на денот по веста дека израелските одбранбени сили (ИДФ) извршиле целен напад во текот на ноќта во северниот дел на Газа, и откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека ИД се подготвува за копнена офанзива.
Агенциите за кредитен рејтинг предупредија дека може да го намалат кредитниот рејтинг на Израел поради влијанието на војната врз економијата, институциите и јавните финансии.