Многу познати личности ставија точка на своите врски и бракови, но убедлива кралица на разводите и рекордерка е пејачката Маја Оџаклијевска.
Според медиумите, Маја раскинувала неверојатни дванаесет пати, а причините кои претходеле речиси секогаш биле исти.
– Имав дванаесет таканаречени бракови. Кога ќе дојдеше моментот кога ќе започнеше некоја кавга или однесување што не ми се допаѓа, ќе му ги ставев сите работи во вреќи за ѓубре и ќе му речев: „Работите се пред вас. Збогум, збогум и нов брак“. Мајка ми велеше: „Едниот се истегна, другиот се протегна“ – рекла еднаш пејачката.
Да потсетиме, Маја Оџаклијевска неодамна се прости од публиката и кариерата. Деновите во пензија ги минува далеку од очите на јавноста, во природа со животните и нејзиниот миленик, внукот Лука, кој и’ е голема радост.