Spotify се пофали со бројот на претплатници на нивниот музички сервис, кој во последниот квартал порасна за 14 отсто во споредба со истиот период претходната година. Според овие податоци, бројот на премиум претплатници на Spotify е зголемен на 205 милиони, што е првпат бројот на претплатници на музички сервис да надмине 200 милиони.
Покрај бројот на претплатници, зголемен е и бројот на месечни активни корисници, кој на крајот на годината изнесува 489 милиони.
Отпуштени се 600 вработени
Овие бројки се подобри од очекувањата на компанијата, а во текот на третиот квартал објавија бројки од 479 милиони месечни активни корисници и 202 милиони претплатници.
И покрај задоволството од очекуваните бројки, Spotify неодамна најави отпуштања за околу шест отсто од своите вработени, или околу 600 вработени.
На The Verge нагласуваат дека иако овие бројки се во плус, Spotify во последниот квартал остварил загуба од 231 милион евра, додека треба да се напомене дека слична загуба е забележана и во претходните квартали бидејќи Spotify се уште е во фаза каде приоритет го даваат растот на компанијата, а не за профит.
Претплатата е 4,55 евра
Просечната заработка по премиум претплатник е 4,55 евра, што е годишен пораст од 3 отсто, но сепак е помала во однос на претходниот квартал кога оваа бројка изнесуваше 4,63 евра.
Што се однесува до конкуренцијата на Spotify, податоците што можеме да ги најдеме на интернет покажуваат дека Apple Music, музичкиот сервис на Amazon, како и YouTube Music имаат помалку од 100 милиони претплатници, па шведската компанија и понатаму е лидер на овој пазар.