Вистинскиот предзнак за убиството на Вања е СВИРЕПОСТ – пукано во задушено дете кое требало да биде заложник во изнуда во договор со “таткото”
Главното прашање што се проблематизираше денес по прес-конференцијата на ОЈО и МВР беше: Каква врска има убиството со изнудата од користољубие, затоа што немало барање на пари
Еве едно студентско криминалистичко објаснување зошто.
Во монструозниот план на убиецот и соизвршителите чекорот што го презеле со закопување на телото на детето им било надеж дека, никогаш никој нема да ја најде и нема да бидат откриени.
Чија монструозност помеѓу овие монструми е поголема здрав разум тешко може да сфати, но во криминалистиката има градација и реконструкција која ги дава сите одговори.
Во сите криминалистички истраги мора да има повеќе верзии/хипотези за настанот, па така и во оваа.
За да може да се поврзе убиството во Велес од страна на истата група, една од можните верзии би била:
Тешко може да се поверува дека целта била колата, а мотивот – долг од 500 евра.
Кога голем број поддржувачи на Палевски и тој самиот кукаа јавно дека безбедносните служби ги третирале, работеле, дека тие не планирале никакви убиства, експозиви, оружје и сл., туку дека тие биле невидени патриоти под ѕвездата на Вергина, тогаш сите веруваа во некаква “света мисија” на овие монструми од луѓе, па и пари донираа од дијаспората за нивната “мисија”
Очигледно требало да има клиничко посматрање на овие болесници за кои буквата “П” не е Патриотизам, туку Пари и Патологија
Едно од клучните прашања е дали соодветно и континуирано се следат состојбите кај нас на линија на радикален, профитно ориентиран десен екстремизам кој е предворје на тероризмот
Ова е прашање за сите институции.
И престанете да се бусате во гради со ѕвездата од Вергина, пароли, знамиња и квазипатриотизам за “никогаш Северна”, зошто овие идиоти им го уништија секаквото значење …, Веќе ќе ви биде срам кога ќе го видите во чии раце било и како зад “Големиот” патриотизам се криела монструозност и Гол Криминал
Фејсбук статус на Фросина Ременски