Ресенчанец пронашол граната што потекнува од Првата светска војна, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Гранатата е пронајдена кај бензинската пумпа во селото Сливница.
– Во Полициската станица Ресен, 41-годишниот З.Ч. вчера во 14:30 часот пријавил дека кај бензинска пумпа во селото Сливница пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната со калибар 75 милиметри, што потекнува од Првата светска војна, се наведува во соопштението од МВР