За сите љубители на благото, ви претставуваме два рецепти за правење домашна Нутела (Nutella). Се што ви треба се неколку состојки, блендер и пет минути од вашето време. Тоа е одлична алтернатива доколку сте алергични на јаткасти плодови. Можете да користите домашно млеко затоа што е покремасто, но во ред е и купено во продавница. Оваа домашна Нутела може да се сервира ладна или како топло задоволство.
Потребни состојки за домашна Нутела:
- 1 конзерва (1/2 чаши) бадеми (испечени)
- 1/2 чаши млеко од растително потекло
- 1 чашка посно чоколадо
- 5 урми
- 1 лажица јаворов сируп
- 1 лажичка кокосово масло
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1/4 лажичка морска сол
Блендирајте додека смесата не стане кремаста. Вкусете дали е доволно слатко. Додадете уште млеко ако Нутелата е премногу густа. Истурете ја смесата во тегла и оставете ја во фрижидер да се стегне.