Јагодите се најпопуларните, а на многумина омиленото црвено овошје. Ги сакаме свежи, во колачи, сладолед, смути и сок, но сакаме и џем направен од нив.
Џемот од јагоди е омилениот сладок овошен намаз на многумина, а за да го направите потребни ви се само три состојки.
Состојки:
2 кг јагоди
1 кг шеќер
Сок од два лимона
Подготовка:
Јагодите исчистете ги од стеблата, па пресечете ги на половина, а потоа ставете ги во големо тенџере.
Јагодите посипете ги со шеќер и оставете ги да отстојат еден час за да им се ослободи сокот.
Јагодите малку изгмечете ги и варете ги додека смесата не зоврие. Потоа намалете ја топлината на умерена температура и оставете го џемот да врие околу еден час.
Смесата постојано ќе се пени и важно е постојано да ја отстранувате со лажица. Кога ќе престане да пени, тоа значи дека вашиот џем е готов.
Тргнете ја тавата од оган, а потоа додадете го сокот од лимон и нежно измешајте сè.
Топол џем истурете го во чисти и стерилизирани тегли. Затворете ги, превртете ги наопаку за да се создаде вакум, а потоа вратете ги и оставете ги да се изладат.