Направете пилешко на малку поинаков начин, меки филети во совршен сос од млеко и спанаќ.
Пилешкото, поточно филето, во сос од млеко и спанаќ можете да го послужите со варен ориз. Но, доколку претпочитате паста, добар избор се њоките. Не заборавајте да додадете и на свежа салата.
Потребни состојки:
- 4 парчиња пилешко филе
- 2 лажици масло
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 200 гр свеж спанаќ
- 1 шолја млеко
- сол
- бибер
- прстофат мускатно оревче
Подготовка:
Загрејте го маслото во голема, длабока тава на средна топлина. Додадете сечкани кромид и лук и пржете додека не омекнат и не станат стакленести. Додадете ги пилешките филети и пржете ги од секоја страна додека не поруменат. Извадете го месото од тавата и оставете го на страна.
Во истото тавче додадете го сечканиот спанаќ и динстајте додека да омекне. Вратете ги пилешките филети во тавата. Зачинете со сол, бибер и додадете прстофат морско оревче по вкус. Прелијте го млекото и намалете ја температурата. Гответе уште 5-7 минути, додека сосот малку не се згусне.
Проверете дали пилешките филети се целосно сварени. Доколку е потребно, продолжете го времето за готвење уште неколку минути. Тргнете го садот од шпоретот и оставете го малку да се излади пред да послужите.